Системот е-автобуска кој ќе овозможува брз и едноставен начин на резервација и купување на билети за меѓуградските автобуски линии, преку мобилен и компјутер.
Системот овозможува пребарување на автобуските линии, одбирање на превозникот и одбирање на седиште, а патникот во секое време го гледа распоредот на линиите и согласно своите потреби може да купи билет без да оди на шалтер.
Купениот електронски билет содржи бар код кој потоа може да се испечати или да се зачува на мобилниот телефон и да се прикаже за време на возењетo.
Системот мора да биде имплементиран заклучно со 22 февруари 2014 на сите автобуски станици. Станицата која нема да го имплемемнтира ќе ја загуби лиценцата и нема да може да работи.
Системот нема да создаде доплнителен трошок за превозниците, бидејќи Министерството за транспорт го дистрибуираше до нив бесплатно.