Автобус на Јавното сообраќајно претпријатие се запалил во скопската оштина Бутел по што интервенирала Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.
Оттаму информираат дека интервенирале со едно возило и го изгаснале пожарот на запалениот автобус на ЈСП на крстосницата на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ и улицата „Ферид Бајрам“ во населбата Бутел.
Станува збор за автобус ЛАЗ од украинско производство.
Во автобусот немало патници. Неофицијално пожарот бил предизвикан од неисправна инсталација, но тоа треба да го потврди истрагата.