Австриската „Рајфајзен банка“ добила писмено предупредување од Министерството за финансии на САД дека банката може да биде отсечена од американскиот финансиски систем поради тоа што продолжува да работи во Русија, јавија дел од американските медиуми.
Од извори во владата се дознава дека писмото, испратено на 6 мај од страна на заменик – министерот за финансии на САД Воли Адеиемо, е досега најстрого предупредување за крупна западна банка се уште активна во Русија.
Банката под притисок на Вашингтон неодамна се откажа до планот за купување на удел во градежната компанија „Страбаг“ поврзана со олигархот Олег Дерипаска. Но односите на банката со Русија се уште подлабоки. Сепак, ако на банката и се ограничи пристапот до системот на доларот тоа било многу неповолно за неа.
Во писмото до РБИ Адеиемо се повика на указ на претседателот Џо Бајден, според кој, може да се воведат вторични санкции против странски финансиски организации кои работат со компании поврзани со воено-индустрискиот комплекс на Русија.
РБИ укажа дека заминувањето од Русија е сложен процес и тие неможат едноставно да го продадат својот бизнис во Русија. За да ги одделат руските подружници, странските банки треба да добијат одобрение од руската Централна банка, Министерството за финансии и од самиот руски претседател.
Западните санкциите ги лишија руските банки од пристап до глобалниот платен систем СВИФТ. На таков начин странските кредитри како РБИ или италијанскиот УниКредит, кој е исто така присутен во Русија, станаа појас за спасување за илјадници руски компании.
Слични предупредувања Вашингтон во февруари испрати, меѓудругите, и до банки од Турција, Обединети Арапски Емирати и Казахстан со што значајно се намалија финансиските трансакции меѓу овие земји и Русија.
Иако оваа мерка ретко се спроведува, некои западни банки во минатото навистина биле отсечени од американскиот финансиски систем и работа со долари.
Во 2014 година BNP Paribas доби забрана од една година да врши некои операции со долари, во рамките на регулирање на избегнувањето на американските санкции против Судан, Куба и Иран.
Во 2018 година САД ја обвинија третата по големина банка на Латвија, ABLV, за перење пари и нарушување на санкциите против Северна Кореја. Како резултат тоа ја блокираше работата на овој кредитор на девизните финансиски пазари со што банката беше затворена.