Австриецот што се тужеше за да се презива Зебра

shutterstock_175882628[1]

По долгогодишната судска битка, еден Австриец конечно го доби спорот и сега се презива Зебра.

Мажот, жител на Виена, поднел жалба пред Конституциониот суд во Австрија, откако подолна судска инстанца му го отфрли барањето за смена на презимето. Австриецот сакал да си го врати презимето Зебра, кое дедо му го променил некаде во 50-тите години на минатиот век.

Кога првично решавал, судот го одбил барањето на Австриецот со изговор дека Зебра не е типично австриско презиме и дека тоа може да се однесува само на „видот коњ, кој живее во саваната во Африка“.

„Зебра“ било семејното име со векови, затоа враќањето на истото е наполно легално“, реши Конституциониот суд.

Според австрискиот закон, презимето може да биде сменето само ако посакуваното презиме не е „смешно, навредливо или е збор кој не е познато име во Австрија“.

 

- Реклама -