Австралија: Воспитувач призна дека извршил стотици сексуални злосторства над деца

Поранешен воспитувач во детска градинка, Ешли Пол Грифит, денеска призна дека извршил 307 сексуални дела против повеќе десетици деца во периодот од 2007 до 2022 година, додека работел во детски установи во Бризбејн, пренесуваат австралиските медиуми.

Грифит (46), жител на Златниот брег, ја призна вината за сите обвиненија на судењето што утрово се одржа пред окружниот суд на Квинсленд, пренесува лондонскиот весник „Гардијан“.

Во преполната судница, читањето на сите 307 обвиненија траеше два часа, а некои од присутните беа принудени да стојат поради немање доволно простор, додека неколку набљудувачи плачеа за време на рочиштето кое го предводеше судијата Ентони Рафтер. Грифит мирно ја призна вината за сите точки од обвинението, повремено климајќи со главата, и е формално осуден за сексуалните дела извршени во градинките каде што работел од јануари 2007 до август 2022 година.

Прочитајте и:  Во Австралија нема да има потреба од давање на лични податоци на социјалните мрежи

Обвиненијата вклучуваат 190 случаи на незаконско и недолично однесување со дете помладо од 12 години, 28 случаи на силување, 67 случаи на создавање материјали за експлоатација на деца, четири случаи на производство на материјали за експлоатација на деца и еден случај на дистрибуција на вакви материјали.

Кога судијата го праша дали има нешто да додаде, Грифит кратко одговори “не” и кимна со главата.

Тој беше уапсен во октомври 2022 година од страна на Австралиската федерална полиција (АФП) и полицијата на Квинсленд. Сите жртви се идентификувани и нивните семејства се информирани, претходно соопшти АФП.

АФП информира дека Грифит работел во некои центри за згрижување деца каде што не извршил престапи.

Датумот на изрекување на пресудата за Грифит допрва треба да биде одреден, но тој повторно ќе се појави пред окружниот суд на 9 септември.

- Реклама -