Австралија ќе им ги поништува пасошите на педофилите

Властите во Австралија планираат да им го забранат прекуокеанското патување на лицата кои биле осудени за педофилија.

Ваквиот на прв поглед нелогичен предлог има за цел да ги заштити загрозените деца во југоисточна Азија од експлоатација и злоставување, објаснува министерката за надворешни работи на Австралија – Џули Бишоп.

Неофицијално, југоисточна Азија се смета за рај за сексуалниот туризам, па и за педофилите. Лани границите на Австралија ги напуштиле околу 800 регистрирани педофили, а од нив околу половина патувале токму во земјите од југоисточна Азија. Тој регион е честа дестинација за евтини годишни одмори за австралиските педофили, па „постои сé пооправдана загриженост околу сексуалната експлоатација на деца“, вели Бишоп.

Прочитајте и:  Во Полска уапсени 75 луѓе поради дистрибуирање на детска порнографија

Ако биде усвоен предлогот кој наскоро ќе му претставен на парламентот, ќе им се одземат пасошите на околу 20.000 осудувани педофили.

- Реклама -