Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) изразува длабока загриженост поради нападите и заканите упатени кон новинарот на телевизијата „Канал 5“, Александар Видиновски. Ова следува по неговата објава на социјалните мрежи во врска со неправилно паркирани возила на тротоарот пред Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. АВМУ нагласува дека ваквите постапки претставуваат директен напад врз слободата на изразување и новинарството.




