По ужасното издание на Светското првенство во Русија, германската репрезентација ќе мора да ги голта сите критики, ама и целиот сеир на социјалните мрежи. А тој, сеирот, доаѓа од сите страни, па и од небото.
Зборуваме за познатата ирска авиокомпанија „Ryanair“, која паралелно со сеирот успеа и да си направи супер реклама што долго ќе се памти, барем меѓу Германците.
„Неочекувано треба да си заминете? Ние имаме евтини летови“
Making an unexpected exit?
We have Löw fares on https://t.co/LTBSLn5QzB 🛫😀#GERKOR #WorldCup #GER pic.twitter.com/PTS4nZKNHR
— Ryanair (@Ryanair) June 27, 2018