Авионите, онакви какви што ги познаваме, се на пат да исчезнат.
Според британскиот Центар за воздухопловство, зa десет години авионската индустрија ќе биде во можност да им понуди на патниците многу богатo визуелнo искуство.
Имено, денешните прозорци ќе бидат заменети од гигантски OLED дисплеи, поставени од внатрешната страна на куќиштето на авионите.
Страните ќе бидат искористени за да се покажат глетки од надворешната средина околу авионот, како и информации што би ги интересирале патниците.
Според центарот се потребни само уште пет години во кои технологијата на овие дисплеи ќе биде усовршена и ќе се пласира на пазарот.