Во текот на летот 2412 од Орландо кон Атланта во САД дошло до пукање на една плоча од крило на авионот, поради што жиците и хидрауличните машини останале отворени.
Пилотот веднаш воспоствил врска со контролорите на летот и договориле принудно слетување, кое што успешно било извршено.
За огромна среќа, сите патници безбедно слетале на земја.
-Екипажот се раководел со вообичаената постапка за слетување во вонредни ситуации. Иако плочата на крилот пукнала и настанала дупка таа не претставувала опасноста за авионот-рече портпаролот на Делта, Ентони Блек.
Еден од патниците го фотографирал дефектот и фотографијата ја објавил на „Твитер“, со напомена дали може да замислиме како се чувствувал додека го гледал ова од авионот.