Аваја жали што за прв пат во историјата на независноста на државата нема ромски пратеник/чка во новиот парламентарен состав.
Манипулацијата стапи на дело и тоа на префриган начин се покажа во новиот состав на Собранието, каде што за прв пат од старт во новиот парламентарен состав немаше место за припадник/чка на ромската етничка заедница.
Сметаме дека на тој начин, поголемите политички партии, не само што ги изневерија очекувањата на електорат од ромската етничка заедница тукуго покажаа и своето вистинско лице, на неинклузивни, затворени политички партии со слаб инклузивен мултиетнички потенцијал.
Аваја ги повикува оние граѓани и нивни гласачи кои го споделуваат ова заедничко разочарување да се приклучат во политичката борба за да покажеме дека ние сме тука и дека порано или покасно ќе го земеме тоа што следува како заедница.
Како партија во текот на кампањата, цело време алудиравме дека се случува голема манипулација, масовно поткупување и притисоци на гласачите Роми.
Очекуваме во најкраток можен рок, конзистетност и политичка корекција на оваа историска неправда кон ромскиот народ.
Аваја