Јуни 2007 Година, Аутомотив Груп, офицјално се претстави на Македонискиот пазар како ексклузивен импортер за брендовите Renault, Nissan i Dacia.Во изминатите 5 години, успеавме да се етаблираме како сериозна компанија која е во самиот врв на автомобилската индустрија во Македонија и кон крајот на 2011 годинапостигнавме вкупен удел на пазарот од 11,54%.
Традиционално досега, во секоја пригода организиравме промоции, забави и најразновидни настани сè со цел да се претставиме на јавноста како компанија со нови идеи, поразлични од останатите. Покрај забави, настани…, за овој период од 5 години, активно учествуваме во естрадниот живот преку помагање на повеќе естрадниуметници, во спортскиот живот преку спонозрства на повеќе клубови и национални репрезентации и конечно се покажавме како социјално одговорна компанија прекуповеќе еколошки акциии како “Дачиа за природата” и ЕКО акцијата на Renault во 2011година.
Оние што нè познаваат подолго, нè парашуваа: „Што спремивте за вашиот 5-‐тироденден?“ По направените пресметки за роденденот, а согласно моменталната економскасостојба во цела Европа, не беше воопшто тешко да ја донесеме следната одлука:
„Аутомотив Груп, наместо да ги потроши средствата планирани на прослава за својот 5‐ти роденден, во соработка со Стопанска Банка АД – Скопје, ексклузивно ќе овозможи 5% годишна каматна стапка на кредитирање за оние кои ќе поднесат барање за купување на возило на кредит (за сите кои зимаат плата преку Стопанска банка АД -‐ Скопје) во наредните 45 дена, за количина од вкупно 55 возила од програмата на Renault, Nissan I Dacia“.
Во соработка со нашиот партнер во оваа кампања Стопанска Банка АД – Скопје, Аутомотив Груп, во најголемата економска криза во Европа обезбеди ексклузивно најниска камата за своите купувачи. Наменски автомобилски кредит кој ќе биде лесно достапен во продажната мрежа на Аутомотив Груп и во филијалите на Стопанска БанкаАД – Скопје, на територијата на Македонија.
Се разбира, одбравме неконвенционален начин да прославиме. Наместо да почестиме одредени луѓе на една вечер, се решивме да ги почестиме нашите идни купувачи и со тоа да ја прославиме 5 годишнината од нашето постоење. Заедно со Стопанска БанкаАД – Скопје, нудиме производ во вистинско време.
Да нема забуни, шпекулации и разни калкулации, сите попуст од акциите што важеа до денес, остануваат и понатаму, а 5% годишна каматна се однесува на износот на кредит кој ќе се користи за купување на возилата по направените попусти во акцијаСтопанска банка АД – Скопје како наш долгогодишен партнер понудата ја збогатува и од своја страна со тоа што на клиентите кои ќе поднесат барање за оваа кредитна линија дополнително одобрува 50% попуст на административните трошоци и се приклучува на прославата на нашиот роденден.
Со овој потег се надевме дека ќе продожиме на патот по кој тргнавме, а тоа е да бидеме во топ трите импортери на пазарот во Македонија.