Autoliv демонстрира уникатен систем за сопирање Torricelli, кој е во состојба да го намали растојанието на сопирање за околу 40%.
Во моментов технологијата е во развој и се нуди смо како прототип. Torricelli користи вакум систем, буквално за да да го „всмука“ патот и би можел да се користи во секое време за итни автономни запирања.
Според резултатите од спроведените од Autoliv испитувањата, Torricelli ветува намалување на растојанието на сопирање за околу 40%, при брзина на движење од 70 km/h. Од компанијата коментираат дека системот работи соодветно успешно и на влажна и на сува подлога, а и на мраз.