Снимката од повикот во итната служба открива што се случувало кога Парис Џексон си ги пресекла вените со кујнски нож.
Откако минатата недела ќерката на Мајкл Џексон, Парис Џексон, заврши во болница откако си ги пресече вените, снимката од повикот во брзата помош го открива целото сценарио на обидот за самоубиство.
„Се предозирала со 20 пилули и си ги пресекла вените со кујнски нож“, зборува непознатиот глас на снимката што ја објави TMZ.
http://youtu.be/wsnmM6SrABY
По повикот Парис била пренесена во болница, а потоа била префрлена во психијатрија каде е задржана три дена.
15-годишната Парис ја погоди смртта на татко и, а сега е под стрес поради финалните испити и е депресивна поради судењето поврзано со смртта на Џексон.