Во Русија е откриена нова појава – трговија со aудио наркотици на црниот пазар. Станува збор за посебни мелодии и звуци кои делуваат на мозокот, а дејството наводно е идентично на делувањето на класичните наркотици.
Во Русија е откриена нова појава – трговија со aудио наркотици на црниот пазар. Станува збор за посебни мелодии и звуци кои делуваат на мозокот, а дејството наводно е идентично на делувањето на класичните наркотици.
Се набавуваат преку Интернет, со едноставно преземење на мелодијата која се плаќа преку кредитна картичка. Овие наркотици се многу поевтини од вистинските, а нивното користење и дистрибуцијата не подлежат на кривично гонење.
Доволно е мелодијата да се купи на Интернет, да се стават слушалки и звукот ќе го стимулира мозокот на конзументот на некој од понудените начини. Може да се избира ефектот, а во понудата на дилерите има: оргазам, повеќекратен оргазам, дејство од алкохол, никотин, адреналин, приближување до Бог и сите познати дроги.
Цените на руските сајтови се движат од околу едно евро по доза. Воопшто не се сомневаме дека наскоро вакво нешто ќе може да се најде во облик на торенти за слободно преземање.
[[Binaural_beats|Бинауралните бранови]] кои се користат за стимулирање на мозокот, ги откри германецот [[Heinrich_Wilhelm_Dove|Хенрих Вилхелм Доув]] во 1839, а од неодамна се користат во лабораториите за подобрување на памтењето и за опуштање. Дмитриј Миршоников од Институтот за експериментална медицина на Руската Академија на науките тврди дека овие мелодии се опасни како и обичната дрога бидејќи го пореметуваат нормалното функционирање на мозокот.