Audi може да ја постигне целта да продаде до два милиони автомобили годишно пред 2020 година, изјави главниот извршен директор на компанијата, Руперт Штадлер. За тоа многу ќе помогнат обновените модели и најновите SUV изведби на брендот.
Брендот со „четирите прстени“ реализираше минатата година 44% од вкупните продажби во Европа, каде што се очекува нивото на трговијата да се стабилизира, па ова е една од причините за оптимизмот. Втората е пазарот во Кина, каде и покрај намалувањето на побарувачката лани, поради примена на одредени локални законски регулативи, кои беа на штета на странските компании, Гермаците се надеваат едноставно компанијата да го потврди својот „добар потенцијал“ и ќе остари поголеми успеси.
Во 2014 година, Audi и Mercedes-Benz сериозно ја намалија предноста на BMW во сегментот на луксузни автомобили на глобално ниво. Тие имаат единствена цел да го стигнат, па и минат, баварскиот концерн до крајот на деценијата. Audi евидентира зголемување од 11% во продажбата за минатата година, откако реализираше рекордни 1,74 милиони автомобили. Растот се изразува со двоцифрена бројка, што е тренд во четири од последните пет години. За 2015 се очекува продажбата да биде засилена со лансирањето на Q7 и R8. Од 2016 година Audi ќе произведува исто така Q1, а планира воведување на Q8 пред 2020.
Производителот од Инголштад очекува продажбата во првите два месеци од 2015 година да е многу подобра, како последица на бројни нарачки за одредени модели од крајот на 2014. Тоа посебно се однесува за пазарите во Европа и САД. Во САД, најголемиот светски пазар на премиум автомобили, Audi ќе се обиде да пласира над 300.000 продажби. Првичната цел беше 200.000 парчиња до 2018 година, но компанијата вели дека има своја стратегија таа бројка да биде многу поголема. Штадлер додаде дека побарувачката во Кина, каде Audi реализира околу една третина од своите автомобили, останува „на високо ниво“. Тој смета дека оваа година брендот може да забележи раст и до 9%, во однос на остварените само 7% за минатата. Тој призна дека конкуренцијата во Кина стана жестока, но побарувачката за поголемите модели на брендот постојано расте.