Audi лансира уште помоќен RS6

Audi планира да пушти на пазарот уште помоќна верзија на набилданата караванска RS6, која ќе добие индекс Plus кон своето име. Тоа го потврди шефот на делот Quattro GmbH, Штефан Рајли.Се очекува моќноста на 4.0 литарски, 8-цилиндерски твин-турбо агрегат, на кој се потпира машината, да се зголеми од 560 на 609 КЅ. Во моментов комбито со погон на четири тркала забрзува од 0 до 100 km/h за 3.9 секунди. Со колку ќе се подобри тоа постигнување кај новата модификација, не се соопштува.За прв пат верзија Plus се појави во 2004 година при првата генерација на караванот RS6. Оваа верзија беше со околу 30 КЅ помоќна, а потпирњето и беше намалено за 10 милиметри. Машината доби и преработен систем за сопирање, како и различно опремување на ентериерот. Од оваа модификација беа произведени само 999 примероци. Во моментот модификација Plus се нуди за каросерија Audi TT RS, чиј мотор е засилен од 340 на 360 КЅ, како и за супер спортската изведба R8. Кај неа зголемувањето на моќноста е од 525 на 550 КЅ.

audi2

Стандардниот комби Audi RS6 беше најбрзиот автомобил во класата до појавата на новата генерација на Mercedes-Benz E63 AMG, која се потпира на 5.5 литарски V8 со моќност 585 КЅ. Забрзувањето од 0 до 100 km/h кај него е за 3.6 секунди.

Текстот е објавен во соработка сo Авто плус.

- Реклама -