AUDI JA ВРАЌА ИДЕЈАТА ЗА A2

Пинг-понг политика во брендот чија заштитен знак се четирите прстени.

Еден ден некои од челниците од Инголштат вели ќе се сконцентрираме на хибриди, електричните возила се во втор план за нас, а веднаш потоа се најавува на голема врата изведбата за дури два електромобили?!


Компанијата Audi се врати кон идејата за заживување на компактниот модел А2. Прототип на новата машина беше прикажан уште на автосалонот во Франкфурт во 2011 година, но до сериско производство досега не дојде. Според информации на германското издание Autobild возилото ќе се појави на пазарот како компактен електричен кросовер, кој најверојатно ќе го носи името A2Q. Покрај него компанијата од Инголштат развива и верзија на идниот кросовер Q6, кој исто така ќе се управува од електрична енергија.

Засега нема никакви технички податоци за електричното Audi A2Q. Се зане само дека тоа ќе биде изградено на модуларната платформа на Volkswagen AG – MQB, а со едно полнење ќе може да измине околу 500 километри. Моделот ќе се појави во 2018 година. Што се однесува до електричниот Audi Q6, кај него транзицијата со едно полнење ќе е посериозна – околу 700 километри. На пазарите овој модел ќе се појави порано од A2Q, во 2017 година. Тоа е околу една година по излегувањето на стандардната верзија на Q6.

- Реклама -