Ауди го претстави најштедливиот сериски произведен модел на брендот. Со моќност од 81кW (110КС), Ауди А3 1.6 TDI ultra, конзумира само 3.2l дизел гориво на 100km, што значи дека емитува само 85gr CO2 на секој изминат километар.
Клиентите можат да очекуваат испорака на Ауди А3 1.6 TDI ultra почнувајќи од септември.
Достигнувајќи брзина од 200km/h и забрзување од 0 до 100km за 10,5 секунди Ауди А3 1.6 TDI ultra е комплетно спортски автомобил. Секое делче од него е импресивно бидејќи ги надминува очекувањата при долги возења. Неговиот 50 литарски резервоар ги олеснува патувањата овозможувајќи возење и до 1500km без дополнување.
Изведбата на Ауди А3 1.6 TDI ultra со 5 врати е подеднакво удобна и пространа како и сите останати премиум компактни изведби од гамата на Ауди. Клима уредот, аудио-радио системот како и електрично придвижуваните стакла доаѓаат како дел од стандардната опрема. Исто така Ауди А3 1.6 TDI ultra е достапен и како компакт со 3 врати или во Sport Back изведба со 5 врати.
Ниската потрошувачка и исклучителната издржливост го поплочија патот на технолошката ДНК која во себе ја носат денешните изведби на А3 моделот. Благодарение на несопирливата посветеност на Ауди брендот во насока на усовршување на различни каросериски материјали и возни системи кои се вградуваат во возилото, Ауди А3 1.6 TDI ultra тежи само 1205kg. Аеродинамиката е подобрена не само преку S-линииите на страничните прагови, туку и преку доближување на подвозјето за 15mm поблиску до подлогата. Гумите 205/55 R16 се оптимизирани со помало триење што придонесува за уште поголема ефикасност на Ауди А3 1.6 TDI ultra.
Најновиот Ауди А3 не само што е најштедливиот, туку тој е и првиот модел кој го носи епитетот ultra. Називот ultra ја изразува посветеноста на брендот за сеопфатна и систематска одржливост на своите производи. Во следните месеци Ауди ќе ги открие и другите модели со епитетот ultra кои се однесуваат на TDI и TFSI агрегати. Исто како и Ауди А3 1.6 TDI ultra и останатите ќе се истакнуваат со штедливост и ниска емисија на издувни гасови, што ќе значи намалување на трошоците и поголема заштита на животната средина.
Заедно со e-tron plug in хибридите, како и g-tron моделите на природен гас, возилата ultra ќе бидат третиот столб во портфолиото на брендот Ауди кој нуди одржлива, секојдневна мобилност.