Дивизијата на Audi за специјални изведби – Audi Exclusive, претстави уникатен примерок од моделот RS4 Avant, кој е порачан од германски клиент. Работата е вистинско ремек дело, а се карактеризира со жолто-зелена боја со мат црни фелни.
Слична комбинација на бои продолжува да се манифестира и во внатрешноста, каде што место наоѓа и спортскиот ентериер со кожа Алкантара, различни декоративни акценти, специјални логоа и спортски педали.
Погонот останува доверен на 4.2-литарски V8 мотор, чија максимална моќност изнесува 450 КЅ. Тој е во спрега со 7-брзински автоматски менувач од типот DSG, со погон на сите четири тркала преку систем quattro.