Audi A4 Vario – конкурент на BMW 3 GT

Во германските медиуми се прошири информација дека Audi планира да ја збогати гамата на својот нареден А4 со ново издание, наречено Vario.

Веројатно новиот член на семејството ќе биде базиран на А4, на продолжената варијанта на седанот (понуден за пазарот во Кина) и речиси сигурно ќе претставува конкуренција на BMW 3 Gran Turismo. Истите германски извори тврдат дека овој модел ќе се појави во 2016 година – по деби на седанот и караванската верзија Avant.

Што се однесува до стандардниот седан, тој ќе има малку подолго меѓуоскино растојание во однос на сегашниот модел. Освен тоа најверојатно ќе се намали тежината за околу 100 килограми. Соодветно се очекува S4 да биде опремен со 3.0 литарски V6 мотор со моќност од 340 КЅ. Ќе има и варијанти на А4 со 1.4 и 2.0 литарски TFSI агрегати. Палетата од дизел мотори најверојатно ќе вклучува 2.0 литарски TDI варијанти, како и V6 TDI.

726_audi-470-1

Во план е развој и на plug-in хибридна верзија која ќе комбинира 2.0-литарски TFSI мотор со електричен мотор, литиум-јонска батерија и осумстепена автоматска трансмисија. Интересно е дека оваа поекономична спецификација ќе биде опремена и со втор електричен мотор на задната оска, кој ќе му обезбеди на А4 карактеристичен за брендот 4х4 систем. Вкупната моќност на двата електрични мотори ќе биде 136 КЅ.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -