Новата генерација на Аудиевиот модел А3 имаше своја премиера на последниот салон на автомобили и тоа во хечбек верзија и полека стартува со својата продажба. Освен хечбек верзијата со три врати, фамилијата на А3 ќе има уште неколку каросериски варијанти. Меѓу нив ќе има модел со пет врати-A3 Sportback, Сabriolet и лимузина, односно седан верзија.
Димензиите остануваат исти како кај тривратната верзија и пред сè останува исто меѓуоскиното растојание од 2601 mm, што е секако гаранција за поголема понуда на простор во однос на претходната генерација, а новиот А3 според најавите ќе има повисок степен на безбедност и агилност.
Исто така, засега иста ќе биде и агрегатската понуда, со два бензински 1.4 TFSI со 122 КС и 200 Nm и 1.8 TFSI со 180 КС и 250 Nm, како и еден дизелски 2.0 TDI со 150 КС и 320 Nm.
Објавено во соработка со Авто Плус.