Атлетичарката Хедер Дорниден водеше на трката на 600 метри на првенството во Минесота, кога на само 200 метри пред самиот крај, падна.
Останатите натпреварувачки претрчаа преку неа и го продолжија својот пат према целта, искористувајќи ја укажаната можност за предност. Една од нив дури и ја „удрила“ со своето стапало главата на Хедер.
Сепак, таа наместо да се откаже, веднаш стана, и продолжи да трча со надеж дека ќе ги стигне останатите девојки кои беа пред неа повеќе од 30 метри. И за некое чудо, таа даде се од себе, и трчајќи се побрзо и побрзо, на крајот победи.