Саполај Јао, атлетичарот од Папуа Нова Гвинеја, беше дисквалификуван во трката на 3 илјади метри стиплечејс, затоа што искористи саксија за да се прекачи преку пречката со вода.
Саполај Јао, атлетичарот од Папуа Нова Гвинеја, беше дисквалификуван во трката на 3 илјади метри стиплечејс, затоа што искористи саксија за да се прекачи преку пречката со вода.
Саполај Јао од Папуа Нова Гвинеја е минијатурен атлетичар. Висок е само 152 сантиметри. Тој, на Игрите на Комонвелтот што се одржуваат во Индија, бргу ѝ станал миленик на публиката, поради она што се случи во трката на 3 илјади метри стиплчејс.
Во последниот круг, изморен од трката, Јао не можел да скокне преку високата пречка, а неговата височина воопшто не помогнала. Па, тој решил да се послужи со декорацијата под пречката, т.е. една од саксиите. И покрај ваквото необично застанување, Јао завршил на деветтото место од 13 учесници. За жал, на крајот бил дисквалификуван поради користењето на саксијата.