Атина како во хорор – мртви тела пронајдени прегрнати во двор

Бројот на жртви во Атина порасна на 74, но како што стои ситуацијата, многу е веројатно дека оваа бројка не е конечна.

Граѓаните на Атина преживувале вистински хорор, некои успеале да стигнат во морето и да се спасат со пливање, но други ја немале таа среќа.

Во околната населба Мати, во еден двор на околу 30 метри од морето, пронајдена е група од 26 мртви тела кои се прегрнале и ја дочекале ужасната смрт заедно. Според првичните сознанија, се работи за група роднини и пријатели.

„Она што се случува во Атика е црн пекол. Откако поминав покрај стотици изгорени автомобили и куќи, стигнав до местото каде што се пронајдени голем број тела. Некои сѐ уште лежеа на земјата, додека отровен мирис се ширеше низ атмосферата. Повеќето од нив биле туристи, кои се обиделе да избегаат, но не успеале да стигнат до морето. Гледајќи дека им се ближи крај, се гушнале и така умреле заедно“, изјави шефот на грчкиот Црвен крст, Никос Економопулос.

Прочитајте и:  Најмалку десетмина загинати во пожар во пензионерски дом во Шпанија

Последен ваков страшен пожар во Грција се случил во 2007 година, кога повеќе од 60 луѓе загинаа на Пелопонез.

- Реклама -