Атанасовска: Заев го пушти СЈО низ вода поради вмешаноста на Јанева

Има многу нелогичнопсти и недоследности во изјавите на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, откако во јавноста излегоа „аудио бомбите“ за случајот рекет, вели во интервју за Прес24, адвокатката Сузана Јошевска Атанасовска. Таа нема никаква дилема дека кој и да било дру вака заплеткан во случајот, како што е Јанева, досега ќе бил во притвор и затоа според нејзе малку чудно е однесувањето на обвинителството.

-Не е јасно и многу е чудно однесувањето на обвинителството ако се земе во предвид дека оттаму имаме потврда дека и тие слушнале разговор со „јавен обвинител“ пуштен на интерфон. За секое друго лице, да не беше од големина и профил како конкретно посоченото, досега ќе беше во притвор, тоа гарантирам од претходни искуства и постапки. Навистина со нетрпение чекам образложение за однесувањето на обвинителството што дури не го одзеде ниту пасошот на Јанева после што сите си отидоа на одмор и допуштија како јавност да бидеме „бомбардирани“ со снимки кои оставаат горчлив вкус на селективност и политиканство во правосудството, вели Јошевска во интервјуто.

-Проблемот со нејзините изјави е што имаат недоследности и нелогичности. Никој досега во СЈО не може да ја поткрепи нејзината верзија за тоа со која цел биле контактите со „посредникот“ и со „лицето О.К“ како ги нарекува, а особено не обвинителката која го работела предметот и која почна да дава изјави кои сериозно можат да и наштетат на Катица Јанева. Доколку играш опасна игра на некакво спогодување каде нешто треба да се даде, како на пример пари во Буџетот и сведочење против други големи играчи, а за возврат да се избегне затвор, треба да си паметен, остроумен, да се обезбедиш од манипулации и игри. Таа самата призна дека не успеала, наводно била изманипулирана и според тоа, најмалку треба да понесе професионална одговороност која може да биде и кривична. Јас уште не можам да верувам на шпекулациите дека била „мозокот на операцијата“, дека земала „дел од колачот“ и слично, но можно е да грешам, вели Сузана Јошевска Атанасовска во интервјуто за Прес24.

Целото унтервју тука

- Реклама -