И Asus ќе претстави свој паметен часовник

Asus е уште еден производител кој што се вклучува во се повеќе растечката битка на полето на најпаметните часовници.

Компанијата го користи својот профил на Twitter, за да објавува информации, по повод  престојниот уред, чија што премиера ќе се случи  наскоро.

Сликата, со која што се појави пораката, не открива многу, освен дел од формата на часовникот. Од Asus користеле цитат од Халил Џубран, либански поет, писател и сликар кој, иако напишан во сосема поинаков контекст, изненадувачки одговара на настанот.

Текстот над пораката доста гласно наведува дека на 3-ти септември ќе видиме нешто неверојатно. Со оваа вест саемот IFA 2014 во Берлин ќе биде уште поинтересн,иако се очекува  ѕвезда на шоуто несомнено да биде Samsung Galaxy Note 4 .

Месец септември како целина ќе биде многу напорен за љубителите на најновите технологии – на 4-ти Motorola ќе покаже цела плејада од нови уреди, а на 9-ти го очекуваме Apple iPhone 6 .

- Реклама -