Астрономите открија „копмактна копија” на Сончевиот систем, која е во исто време „најнаселениот” планетарен систем околу друга ѕвезда. Ова се наведува во статијата на група европски научници, објавена во „Астрофизикал журнал”. ” Не постои ниту еден друг планетарен систем кој е толку сличен со нашиот вселенски дом, како системот на ѕвездата KOI-351.
Како и во Сончевиот систем, така и овој има каменести планети , додека гасните гиганти, кои се слични на Сатурн и Јупитер, се наоѓаат во околината “, вели претставникот на германската воздушната агенција DLR Хуан Кабрера.
Тој и неговите колеги го испитуваа системот на ѕвездата KOI-351 (KIC 11442793), која во текот на четири години беше испитана и од телескопот „Кеплер”. Порано екипата на „Кеплер” објави дека во системот на KOI-351 има три планети.