Астроном аматер ја снимил Меѓународната вселенска станица додека минува пред Месечината (ВИДЕО

Му се наредиле ѕвездите, слободно може да се рече за лондонскиот астроном-аматер Szabolcs Nagy, со потекло од Унгарија, кој успеал да ја сними Меѓународната вселенска станица (ISS) додека минувала пред Месечината, и тоа во совршени услови, со исто такви резултати.

Да ја уловите МВС пред Месечината е ретко постигнување, уште повеќе ако успеете да снимите кадар „одблизу“ како што тоа го направил Наги, притоа и со јасна слика, па и со IIS во центарот на кадарот. За такво нешто, пред сè, потребен ви е добар телескоп, а Наги, кој по потекло е од Унгарија, дефинитивно го има.

Што се однесува до перфектниот тајминг, астрономот вели: „Животот е најдобриот режисер. Не можев да најдам подобро место. Сè се погоди според моите очекувања“.

Прочитајте и:  Полска ја најави првата мисија на Меѓународната вселенска станица

Меѓународната вселенска станица орбитира околу Земјата со брзина од околу 27.600 км/ч, што значи дека ја заобиколува (и фаќа изгрејсонце) отприлика на секои 92 минути.

 

- Реклама -