Откако помина година дена во вселената, астронаутот Скот Кели има фасцинантен фото албум со кој може да се пофали. Кели замина на Меѓународната вселенска станица (ISS) во март 2015-та и таму помина 340 дена, поставувајќи рекорд меѓу американските астронаути со поминати вкупно 520 дена во вселената (актуелна рекордерка е Peggy Whitson со 665 дена во вселената).
За време на својот престој на МВС, Кели работеше на низа експерименти, меѓу кои и такви кои беа фокусирани на ефектите на вселенското патување врз човечкото тело. Сепак, како што ќе можете да видите, Кели имал време да направи и понекоја фотографија, а својата импресивна колекција ја објави во книгата насловена „Infinite Wonder“, која излегува на 30-ти октомври, а во која, се разбира, зборува за својот живот во вселената и за уникатната перспектива што при едно такво патување човек ја добива за нашата планета.
Кели главно фотографирал со Nikon D4, а фотографиите ги сподели на својот Твитер профил. Погледнете: