За да го одбележи јубилејот: 104 години од основањето на брендот, Aston Martin создаде посебен филм во кој ги демонстрира 28-те најдобри креации во историјата. Моделите се претставени од специјални возачи на идниот нов производствен комплекс во Јужен Велс. Видеото е зачинето со доза на возбудливи сцени со забрзување, дрифтања, прелети… со сите можни 28 изведби и се разбира со „англиска доза на хумор“?!