Астма – Корисни совети

1227676409.jpg Новата книга “The Harvard Medical School Guide to Taking Control of Asthma" одговара на многутте ваши прашања поврзани со оваа област. Ако вие или некој што го знаете има астма, еве неколку совети кои би можеле да помогнат.

superstock_1612r-16855.jpgНовата книга “The Harvard Medical School Guide to Taking Control of Asthma"
одговара на многутте ваши прашања поврзани со оваа област. Ако вие или
некој што го знаете има астма, еве неколку совети кои би можеле да
помогнат.

Астмата е болест која има тендеција да ги стеснува дишните патишта,
кога се доаѓа во контакт со одредени стимули, како на пример: правта
или крзното од некои домашни миленичиња. Но, дишните патишта не секогаш
се стеснети. Понекогаш тие можат да бидат хиперсензитивни, и да
реагираат на алергии од мачки, кучиња, пердуви и полен; алергиска храна
како: лешници, млеко или јајца; и можат да се иритираат од чад од
цигари, вежбање, силен мирис, или од загадувачи на воздухот.

Астмата
може да се појави во било која возраст, најчесто како последица после
бронхитис или пневмонија. Најчесто се појавува во раното детсво. Кај
третина од децата обично се губи со нивното растење, најчесто во
пубертетот, но повеќето продолжуваат да ја имаат до одреден степен
засекогаш.

 
Др. Кристофер Фанта, ко-авторот на книгата изјави:

„ Иако астмата ја има во поголем процент во индустриските земји, сепак, загадувањето не е проблемот. Алтернативните теории вклучуваат дека треба повеќе време да се поминува надвор, но сепак, баш тоа може да предизвика алергиска реакција која би резултирала со бронхитис или астма. “

Уште една интересна теорија е дека кога нашиот свет би имал помалку бактерии, нашиот имунолошки систем ќе ослаби и ќе биде потешко да се спречат алергиските реакции да дојдат поблизу до дробовите.

Др. Фанта и неговите колеги ја напишаа оваа книга од три причини:

Прво, перцепцијата за астмата се промени. На пример, пред 10 или 15 години, астмата беше третирана како епизодичен проблем. Но сега, медицинските установи сфаќаат дека третирањето на болеста треба да се продолжи, што може да направи голема разлика.

Второ, терапиите и третманот на астмата радикално се променија. Луѓето од генерацијата на нашите дедовци порано се ослободувале од астматичните напади пушејќи цигари наполнети со суво лисје. Сега, има разни медикаменти, од инхалатори до пилули. А и има лекови кои би ги спречиле понатамошните напади.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Трето, луѓето се многу поактивни кога се борат со болеста.

Следно, петте чекори од книгата како да станете „ астма паметен “, односно, чекори кои би ви помогнале:

1. Научете се што можете за астмата. Што се однесува до книгата, многуминна од нас дишењето го прифаќаат здраво за готово. Ако имате астма, или знаете некој што има, ќе научите дека е многу е важно да разберете како функионираат вашите дробови. Кога ќе научите за астмата, можете да барате подобри услови за третман на истата.

2. Искористете ги најмогу што можете вашите посети кај доктор. Треба да одите таму со прашања. На пример, прашајте: „ дали овие се сеуште најдобрите лекови кои можам да ги земам? “ или „ дали треба да размислам за зголемување или намалување на лековите? “; „ што ќе постигнам ако продолжам да го земам овој лек? “

3. Спречете ги проблемите уште пред да настанат. Избегнувајте работи кои ја предизвикуваат вашата астма и земајте превентивни лекови. Кога веќе сте дијагнозирани со астма, обидете се да правите список на тоа кога вашата астма се предизвикува, на пример: кога одите кај пријател кој чува мачка, или кога вежбате надвор.

4. Знајте кога вашата астма ќе ви прави проблеми. Некогаш е лесно да ги „ предвидите “ нападите. Значи, кога ќе забележите дека вашето дишење е отежнато, или чудно, смалете ја вашата физичка активност, што и да правите.

5. Бидете подготвени да реагирате на астматичните напади. Препознавајќи дека вашата астма се влошила, тоа е половина битка Другата половина е да бидете подготвени да преземете акција, и да ставите се под контрола. Треба да знаете кои медикаменти ќе ви помогнат. Многу е важно да знаете како и каде да добиете помош.


Др. Фанта е директор на Partners Asthma Center, и е еден од нејзините основачи. Тој исто така е професор по медицина на Хардвард.

- Реклама -