Џулијан Асанж вети дека идната година ќе ослободи уште еден милион нови тајни документи, што, според неговите зборови, ќе се одразат на сите земји ширум светот.
– И покрај строгата криминална истрага и цврстата кампања што беше обид да се уништи WikiLeaks, 2012 беше голема година. Следната година, пак, очекувам да биде исто толку бурна. WikiLeaks веќе има околу еден милион тајни документи за откривање – вели основачот на WikiLeaks, за време на неговиот говор од балконот на еквадорската амбасада во Лондон.
Асанж и во минатото ги истакна своите стравови од американската полиција, бидејќи верува дека САД ќе ги гони WikiLeaks за објавените тајни дипломатски и воени документи. Во својот говор од балконот тој повторно нагласува дека Пентагон продолжува со заканите за постоењето на WikiLeaks.
– Нема да дозволам овие закани да ја сопрат мојата работа. Меѓутоа, сѐ додека оваа неморална истрага продолжува, а истовремено американските власти застануваат против новинарството и против објавите на WikiLeaks, ќе морам да останам во амбасадата. Секој што сака да зборува со мене, може тоа слободно да го стори – вели Асанџ. [Julian Assange promises over a million WikiLeaks releases in 2013]
{youtube}b_Gy3UaHBXo{/youtube}