Асанов ја промени изјавата и бара ослободителна пресуда: „Во животот ни кокошка не сум заклал, а камоли човек“.

Пред Основниот суд во Штип денеска сведочеше 74-годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиството на 79-годишната Борјанка Николова. Асанов го смени својот првичен исказ даден пред истражните органи и побара ослободителна пресуда од судијката Јулијана Недкова.

Според неговите зборови, Борјанка ја затекнал како лежи падната на скалите во купатилото, со главата свртена кон подот. Сакал веднаш да извести полиција, но немал кредит на телефонот. Тој изјави дека двајца млади мажи му ставиле вреќа на главата, го врзале за дрво и почнале да копаат дупка во неговиот двор.

„Никогаш не сум заклал ни кокошка, а камоли човек,“ изјави Асанов во судницата.

Вештакот од Судска медицина истакна дека од обдукцијата на дел од трупот, жртвата имала скршени осум ребра, а повредите на градниот кош укажуваат на силен притисок, најверојатно нанесен со колено. Нејзиното тело било пронајдено најмалку две недели по смртта, а недостасувале главата и нозете, кои биле отсечени по смртта. Идентитетот на жртвата е потврден преку ДНК анализа.

Прочитајте и:  Тримесечно бебе загина по напад на куче во Англија.

Судењето ќе продолжи на 21 април, кога се очекуваат завршните зборови од одбраната и обвинителството.