Артур Милер: 20 мудри цитати

Артур Милер (17 октомври 1915 година – 10 февруари 2005 година) е американски драматург кој се етаблира како значајна фигура во американската култура во дваесеттиот век и како истакнат интелектуалец.

ap_560621020_wide-bddb082af0fcbe531949282790950ab35443df6f-s800-c85_1445267618

Најголемиот успех го доживува со наградата “Пулицер” за претставата “Смртта на трговскиот патник”. Претставата ја заработува и најпрестижната американска награда за драматургија “Тони” и наградата на Њујоршките критичари.

Зад себе имал три брака, од кои најпознатиот со Мерилин Монро му носи светска слава. До крајот на својот живот Артур Милер продолжува да пишува драми, статии и предавања.

За вас избравме 20 мудри и инспиративни мисли на познатиот драматург.

1. “Ако верувате дека животот вреди да се живее, вашата вера ќе го претвори тоа во факт.”

2. “Полесно можете да вратите еден милион долари кои сте ги украле, отколку еден збор кој сте го изговориле.”

3. “Ако треба да бидам сам, сакам да бидам со себе.”

4. “Предавството е единствената вистина која останува до крајот.”

5. “Ако го видам крајот, можам да работам и наназад.”

artist-art-recursion-the-picture-is-dip-brush-paint-the-hands-of-the-album-the-workplace-artist-recursion-picture-immersing-brush-paints-hands-album-workplace

6. “Понекогаш е полесно само да си заминеш. А кога не можеш да си заминеш – тогаш е тешко.”

7. “Гледав јасно, само кога гледав со љубов.”

8. “Џунглата е темна, но полна со дијаманти …”

9. “Не можеш само да изедеш портокал и да ја исфрлиш лушпата. Луѓето не се парчиња плод.”

10. “Мислам дека е грешка секогаш да ја бараме надежта надвор од себе.”

hope_art-wallpaper-1280x768

11. “Јас го сметам театарот за сериозна професија која го прави или би требало да го направи човекот повеќе човечен, што значи помалку осамен.”

12. “Верувам во работата. Човек треба да создаде нешто, колку и малку да е, бидејќи во спротивно ќе се разболи.”

13. “Еден добар весник, според мене, е една нација која зборува за себе.”

14. “Задачата на вистинскиот интелектуалец се крие во анализата на илузиите, за да ги открие нивните причини.”

15. “Не знам ниту еден критичар, кој достигнал до суштината на што и да било.”

bleach art artistic searching for some artistic anime wallpaper doesnt 1680x1050 wallpaper_www.wallpaperhi.com_89

16. “Не знам зошто е така, но секој пат кога ќе постигнам нешто што сакам, треба да се повлечам назад, бидејќи останатите луѓе ќе страдаат.”

17. “Јаболкото не може да се врати веќе на Дрвото на гревот- еднаш штом сме прогледале, ние сме осудени и соочени со предизвикот да ја бараме силата да гледаме повеќе, а не помалку.”

18. “Вие ќе се специјализирате во нешто, се додека еден ден не сфатите дека и тоа се специјализира во вас.”

19. “Секој го сака шегаџијата, но никој не му дава пари.”

20. “Не се лажи да мислиш дека она што не носи профит, нема вредност.”

- Реклама -