Артета договорил две засилувања за Арсенал?

Светското првенство (СП) во Катар е пред самиот крај, а тоа значи дека наскоро се враќаме на клупскиот фудбал, но и на трансфер периодот во јануари каде што нè очекуваат возбудувања.

Арсенал игра во одлична форма и се наоѓа на лидерското место во Премиерлигата, но „топчиите“ мора да се засилат за да го издржат жестокото темпо до крајот на сезоната, а тренерот Микел Артета веќе почнал со работа.

Англиските медиуми објавија дека Артета ги договорил личните услови со Тилеманс и Мудрик, а сега останува на Арсенал да ја договори висината на отштетата која ќе ја плати за нивните потписи.

- Реклама -