Артан Груби на средба со Сашо Мијалков? (ФОТО)

Пратеникот на ДУИ и кандидат за „прв вицепремиер“ и министер за политички систем – Артан Груби, се сретнал со поранешниот шеф на тајната полиција и функционер на ВМРО-ДПМНЕ – Сашо Мијалков, во еден скопски хотел.

Фотографијата ја објави порталот на албански јазик „Лајм“ денеска попладнево, без дополнителни информации кога се случила средбата, односно кога е направена фотографијата, и која била целта на средбата.

Случајно или не, денеска Иницијативен одбор за промени во ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од лидерот на партијата – Христијан Мицкоски и нов вонреден конгрес на кој ќе се избере ново раководство. Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека се работи за „Мериот коалиција“, алудирајќи на врските на реформаторите со Сашо Мијалков.

Прочитајте и:  Мицкоски: Реакцијата на ВЛЕН за балансерот е во согласност со она што сме го зборувале - дека вработувањата треба да се темелат на квалитет

По пресот на Иницијативниот одбор, оставка од Мицкоски побара и Мијалков на социјалните мрежи:

„„Стотици илјади членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ не заслужуваат да ги води некој што лаже. На СДСМ му одговара прв човек на опозиција кој е навикнат на порази и одбива да се соочи со реалноста и одговорноста.

Време е за промени. Време е за ново, сериозно раководство кое ќе ја добие поддршката од членството. Време е за луѓе кои ќе знаат да заземат став и да го бранат со аргументи“, напиша Мијалков.

- Реклама -