Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска на денешната прес-конференција изјави дека во изминатиот период се спроведени мерења на амбиенталниот воздух во фабриката Цементарница ТИТАН УСЈЕ и дека се утврдени големи концентрации на штетни честички кои го загадуваат воздухот. Таа рече дека преземала иницијатива за да се покрена кривична постапка.
„Повеќе нема никој да биде толериран. Здравјето на сите нас којшто живееме тука не смее да зависи од профитот на неколкумина. Се работи за Цементарница УСЈЕ од каде при извршените мерења на амбиенталниот воздух во фабриката се забележани големи концентрации на штетни честички кои значително придонесуваат кон нарушување на квалитетот на амбиенталниот воздух на целокупното подрачје на градот Скопје“, истакна Арсовска.