„Ќе се откажам од статусот конзул на Унгарија како и од функцијата претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија, со цел да ја извршувам градоначалничката функција“, истакна Данела Арсовска – независната кандидатка за градоначалник на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, во синоќешното гостување на ТВ „Канал 5“.
Арсовска изјави дека ќе се откаже од овие функции бидејќи, како што кажа, единствената намера што ја има во следниот период е да биде претставник на сите скопјани во градот Скопје.