„Бидејќи Трајко Славески никогаш не успеал да собере храброст самиот да донесе одлука, а овој пат бара поддршка од мене – ја има. Го охрабрувам, како што и веќе писмено му одговори во текот на седницата на Советот со доставување на мислењето од моја страна кое го бараше. Биги храбар Трајко“, се вели во соопштението од градоначалничката
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска преку соопштение му порача на претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески дека го охрабрува да ја стави точката за приватните превозици на дневен ред на седница, а потоа заедно со останатите советници да ја разгледаат и да донесат одлука дали ќе поддржат или не зголемување на цената за превоз на приватните превозници.
„Бидејќи Трајко Славески никогаш не успеал да собере храброст самиот да донесе одлука, а овој пат бара поддршка од мене – ја има. Го охрабрувам, како што и веќе писмено му одговори во текот на седницата на Советот со доставување на мислењето од моја страна кое го бараше. Биги храбар Трајко“,
се вели во соопштението од градоначалничката Арсовска:
По само два дена откако во јавниот превоз се вклучија приватните превозници, вчера тие повторно ги исклучија автобусите од сообраќај.
Причината за ваквиот потег е револтот зашто на вчерашната седница на Град Скопје не беше разгледано нивното барање за зголемување на таксата по километар.
Иницијативата на приватните превозници била доставена вчера околу 15:30 часот до претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески.
Тој денеска информира дека иницијативата била доставена доцна за да биде вклучена на седницата.
„Иницијативата е доставена доцна за да биде вклучена во оваа седница. Иницијативите се доставуваат до градоначалникот за мислење, а што не било случај со оваа. Таа ќе биде доставена денеска до градоначалничката Арсовска. Откако ќе биде разгледана од нејзина страна, иницијативата треба да биде вратена до Советот“,
објасни Славески.
Од Град Скопје реагираа дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбиле да ја стават на дневен ред точката по барање на приватните превозници, со која тие бараат зголемување на надоместот за јавен превоз, сѐ со цел за да се продлабочи кризата во јавниот превоз и да се зголеми хаосот.
Приватните превозници од понеделникот се вклучија во јавниот градски превоз, но не со целиот капацитет, туку само оние превозници кои имаат финансиски можности. Тие минатата недела апелираа до градоначалничката на Град Скопје, советниците и Владата на заеднички состанок да најдат заеднички прифатливо решение за нивното барање за зголемување на цената за изминат километар.
Проблемот со јавниот градски превоз кулминираше минатиот четврток, откако поради недостиг на нафта, поголем дел од автобусите на ЈСП останаа паркирани во нивните бази.
Во сообраќај беа пуштени 25 автобуси кои работат на природен гас и уште неколку кои имаат резерва на нафта.