Арсенал го потопи Ливерпул, Ван Перси со хет-трик за Јунајтед (видеа)

Екипата на Арсенал, по двете ремија на стартот од Премиер лигата во 3. коло стигна до својот прв триумф и тоа на дерби пресметката против Ливерпул на „Енфилд Роуд“. Нешто подоцна, Робин ван Перси со хет-трикот го спаси Алекс Фергусон од пораз во неговиот илјадити натпревар на клупата на Манчестер Јунајтед.

Сосема заслужено „Топчиите“ во натпревар во кој главно го диктираа ритамот стигнаа до победата од 2:0 со погодоците на Лукас Подолски во 31. минута и Санти Казорла во 68. минута. Ливерпул на овој начин продолжува со очајниот резултатски старт и само еден освоен бод по првите три одиграни натпревари.

{youtube}ZRUTLmjhh_w{/youtube}

Робин ван Перси постигна хет-трик за Манчестер Јунајтед, со кој неговиот тим победи со 2:3 на гостувањето против Саутемптон, а Холанѓанецот не реализираше и пенал. На илјадитиот меч на Сер Алекс Фергусон на клупата од Манчестер Јунајтед, Ван Перси успеа да ги извлече „Црвените ѓаволи“ од пораз, со оглед на тоа дека губеа со 2:1.

Прочитајте и:  Салах разочаран од молкот на Ливерпул: „Поблиску сум до заминување отколку да останам на Енфилд“

„Токму за ова го доведовме Ван Перси. Тој е напаѓач од врвна класа“, изјави Алекс Фергусон по триумфот на својот јубилеј.

{youtube}QLspQOa17Y8{/youtube}

- Реклама -