Арсенал лесно го победи Ковентри.

Фудбалерите на Арсенал забележаа убедлива победа од 3:0 против Ковентри во првиот натпревар од новата сезона во Премиер лигата.

Ова беше прва средба на „топџиите“ на стадионот „Емирати“ како актуелни шампиони на Англија, и ја започнаа одбраната на титулата со цврста и прегледна победа.

Головите за екипата на Микел Артета ги постигнаа Каи Хаверц, Букајо Сака и Мартин Едегор.

Ковентри, кој се врати во елитата по 25 години, влезе храбро во натпреварот, но Арсенал брзо ја презеде контролата и на крајот славеше со рутинска победа.

Фото/ EPA