Арсенал ја губи војната: Челси со 100 милиони евра сака да купи талент на Шахтер

Екипата на Микел Артета долго време води преговори со Шахтер за трансферот на Михајло Мудрик со кој веќе ги договори условите, но сега во целата приказна се вклучи Челси кој е подготвен да плати 100 милиони евра.

Специјалистот за трансфери, Фабрицио Романо објави дека претставници на Челси се сретнале со луѓето од Шахтер во Полска, каде што разговарале за трансферот, а наскоро ќе биде позната иднината на Мудрик.

Арсенал за неговите услуги нуди 70 милиони евра плус 25 милиони во бонуси, додека Челси нема проблем веднаш да исплати 100 милиони колку што бара Шахтер.

Мудрик игра на позицијата лево крило и досега за Шахтер на 44 меча постигна 12 голови и 17 асистенции.

- Реклама -