Арсенал доживеа пораз на домашен терен против Бурнемут

Лидерот на Премиер лигата, Арсенал, денес на домашен терен им приреди неочекувано изненадување на своите навивачи, губејќи од Бурнемут со резултат 2:1. Со овој пораз, Арсенал задржа предност од девет бода пред второпласираниот Манчестер Сити, но со два натпревари повеќе. Следниот предизвик за нив е гостување кај Манчестер Сити.

Гостите први дојдоа до предност. Ели Жуниор Крупи го отвори резултатот во 17. минута, а Арсенал израмни од пенал во 35. минута, кога Виктор Ѓокереш беше стрелец.

Во вториот дел, Бурнемут покажа подобра игра, а победата ја обезбеди Алекс Скот во 74. минута со еден прекрасен гол.

Тимот на Бурнемут е во фантастична форма, оставајќи ја серијата од 12 натпревари без пораз во Премиер лигата, со тоа што ја прекинаа и низата од пет нерешени средби. Последниот пораз го доживеаја на домашен терен, токму од Арсенал, на 3. јануари.

Прочитајте и:  Од оваа година Наградата за најдобра машка улога на МТФ „Војдан Чернодрински“ ќе го носи името Кирил Ристоски.