Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер е подготвен да исплати 18 милиони евра за добивање на услугите на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Адријан Лопез.
„Топчиите“ се обидоа 24 годишниот фудбалер да го донесат и пред почетокот на сезоната, но тогаш не успеаја во тоа. Сега дефинитивно се решени да го доведат во своите редови, па според последните информации на Висенте Калдерон ќе испратат понуда вредна 18 милиони евра, колку што изнесува клаузулата на договорот на Лопез.
Адријан е разновиден фудбалер кој беше најдобар стрелец на Европското младинско првенство минатата година, на кое Шпанија триумфираше. Минатата сезона за Атлетико постигна 18 голови во Примера и уште осум во Лигата на Европа, но откако не успеа да се договори со клубот за продолжување на договорот го изгуби местото во првата постава, па на осум првенствени дуели оваа сезона играше само два пати.