Аронија, волшебна бобинка!

Аронијата привлекува внимание и интерес најмногу поради својата речиси црна пигментација и исклучително високото ниво на антиоксиданси. Аронијата станала популарна и поради своите лековити својства и високото присуство на антоцијанинот, флавонидот, танинот и биофенолот. Сите состојки на аронијата и сите лековити својства што оваа билка ги овозможува, придонесуваат таа да стане едно од најпопуларните растенија ширум Америка и Русија.

aroonia

Пробајте го сокот од Аронија
Подгответе се да ги почувствувате благодетите на сокот од аронија. Терминот “Здрава храна “ одлично ја отсликува моќта на оваа чудесна бобинка. За време на своето растење и зреење, аронијата е едно од ретките растенија што не бараат третман со хемикали и препарати што и го дава епитетот на супер овошје. Сокот од аронија е речиси три пати поздрав од сокот на боровница или брусница. Високото ниво на антиоксиданси и присуството на танин прават сокот од аронија да има киселкас вкус.

e4b3071a4fea7a31c91aa67cebfd12f4

Лековити својства
Сокот од аронија успешно помага во третманот на тумор на мозок, бели дробови, кај туморот на дебелото црево и на црниот дроб. Исто така спречува создавање на слободни радикали и ја успорува дегенерацијата на клетките со што го успорува стареењето на организмот. За оние што имаат проблеми со дијабетесот, срцеви проблеми, проблеми со крвотокот или со уринарните инфекции, свежата аронија или сокот од аронија можат да бидат од голема помош. Некои од поновите истражувања покажале дека аронија помага кај Паркинсовата болест и Алдсхајмеровата болест.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Dried_Aronia_Berries_22_BRIX_

Кои се придобивките од користењето на аронијата?
Со своите лековити својства Аронија покажала неверојатни резултати. Медицински е докажано дека има големо дејство кај ракот на црниот дроб, кај дебелото црево, белите дробови и мозокот. Ова волшебно овошје исто така го успорува вкупниот процес на стареењето со тоа што го попречува изумирањето на клетките во човечкиот организам. Само неколку милилитри од овој сок на ден, ја подобрува циркулацијата на крвта и ги лекува главоболките и мигрените. Што се однесува до срцеви проблеми, аронијата го намалува високиот крвен притисок, помага при подобрување на добриот и го попречува лошиот холестерол, ги освежува крвните садови и ги штити вените од затнување.

- Реклама -