Breaking Bad излезе со страшен тресок во септември. Но, обожавателите на популарната серија може да добијат нова доза од нивните омилени ликови во блиска иднина.
Во февруарското издание на Details, Арон Пол открива дека тој и Брајан Кранстон сакаат да се појават во наредната споредна серија, Better Call Saul, која е вид на продолжение на популарната серија.
Со продикцијата на споредната серија закажана е да започне подоцна оваа година, а 34-годишниот актер, чиј лик го толкува Џеси Пинкмен беше последен пат виден како вози кон зајдисонцето во последната епизода, и е нестрплив да се врати назат во чевлите покриени со мет.
„И двајцата, Брајан и јас сакавме да бидеме дел од ова, ако ни дозволат“.
За среќа, творецот на серијата Винс Гилиган изјави дека сака да ги донесе двајцата актери назат во Breaking Bad Saul, во кој главниот актер е Боб Оденкрик кој го глуми лошиот и расипан адвокат Сол Гудман.