Ароматичен чај од ориентот кој ќе ве „опорави“ во целост

Во овие зимски денови најдобро може да се згрееме со шолја вкусен чај. Љубителите на чај кои се подготвени да ги испробаат сите нови вкусови, сигурно со задоволство ќе го применат овој рецепт кој ви го откриваме во продолжение. Станува збор за чај кој најмногу се пие во африканските и азиските земји, а специфичен вкус му дава зачинот какуле или “кардамон“.

Кардамон е зачин кој потекнува од Блискиот Исток, Северна Африка и Скандинавија. Постојат три типа кардамон зелен, црн и мадагаскар кардамон. Најдобро е да се купи кардамон кога е уште во парчиња и во лушпа. Може да се купи и како семе, но така голем дел од неговите својства и вкус се губат.

Кардамон има силен, уникатен и сладок вкус и е малку ароматичен. Достапен е преку целата година и е еден од најскапите зачини заради тежината, но од друга страна за да се постигне вкусот се потребни многу мали количини.

Во некои земји луѓето ги џвакаат семките , наместо мастика за џвакање, но и како лек за непцата и забите од инфекции. Овој зачин е добра превентива, но и лек за грлото, воспаленија на белите дробови , туберколоза, воспаление на очните капаци, како и дигестивните нарушувања. Се користи и како лек за пробивање на кемен во бубрезите и жолчката. Овој зачин се користи во многу земји како состојка во традиционалната медицина. Традиционалната Кинеска медицина го користи како лек за стомачни проблеми, дизентерија, запек и други проблеми при варењето.

Тој е честа состојка во Индиската кујна, но и во скандинавската кујна, како на пример се става во финскиот сладок леб. На Блискиот Исток се меша со зрна кафе, се мелат и се користат за приготвување на кафе. Во Јужна Азија зелениот кардемон се користи за подготвување на слатки, како и во Меласа Чајот. Се користи и како гарниер за басмати ориз.

Црн чај со кардамон

Рецепт за три лица:

-3 дл вода
-3 дл млеко
-10 кардамон парчиња (едно може да содржи и до 20 ситни семчиња)
-2 -3 филтер кесички црн чај
-1 рамна лажичка сув мелен ѓумбир
-¼ стапче цимет

- Реклама -