Арнолд Шварценегер има убиено 509 луѓе

Ништо ново, Шварци е машина за убивање. А сакате бројки?

За прв пат, Арнолд Шварценегер се појавил во филмот „Hercules in New York“, во 1969-тата. Од тогаш, па до денес, овој акционен идол има убиено 509 луѓе/животни/нешта на филмското платно.

Следното видео е компилација од сите насилни сцени во кои Шварци го прави она што го прави најдобро – убива, ја грчи фацата и извикува неразбирливи и неартикулирани фрази. Работите стартуваат бавно, но штом стигнете до Conan, веќе станува јасно кој е кој. Веќе кај Commando, дури и мониторот може да ви прокрвари.

arnold-schwarzenegger-screaming-kindergarten-cop_786_poster[1]

Arnold-Schwarzenegger[1]

- Реклама -