Армстронг – прв во месечевата орбита? Не, желките!

zelkaВо 1968 година, Советскиот Сојуз ја лансира Зонда 5, чии патници беа желки и вински мушички. Целта на мисијата беше лет околу орбитата на Месечината и сигурно враќање назад на Земјата. Со тоа тие станаа првите живи суштества кои ја прелетаа Месечевата орбита. Ви пренесуваме и неколку други интересни факти за Месечината.


full_moonВо 1968 година, Советскиот Сојуз ја лансира Зонда 5, чии патници беа желки и вински мушички. Целта на мисијата беше лет околу орбитата на Месечината и сигурно враќање назад на Земјата. Со тоа тие станаа првите живи суштества кои ја прелетаа Месечевата орбита.

Месечината (лат. Luna) е природниот сателит на Земјата и воедно нејзино најблиско небесно тело, оддалечено во просек 384 400 km, така што светлината од Месечината на Земјата стигнува за 1,25 секунди. Месечината е симбол на биолошкиот ритам: како небеско тело кое расте, се смалува и исчезнува и чиј живот е потчинет на универзалниот закон на еволуцијата, раѓањето и смртта. Месечината исто така го симболизира и времето кое проаѓа, живото време на кое таа е мерка со своите фази кои правилно следат една по друга. Таа е симбол на сонот и несвесното, како и ноќните вредности. Ви пренесуваме и неколку други интересни факти за Месечината.

Желките биле првите суштества во орбитата на Месечината

Се разбира, сите знаеме за улогата на Армстронг и Олдрин во истражувањето на Месечината, но и желките имаат свој удел. Во 1968 година, Советскиот Сојуз ја лансира Зонда 5, чии патници беа желки, вински мушички, семиња и бактерии. Целта на мисијата беше лет околу орбитата на Месечината и сигурно враќање назад на замјата. Откако Зонда слетала во Индискиот Океан, Советите утврдиле дека животните се вратиле здрави и живи, но изгубиле 10% од нивната тежина. Со тоа тие станаа првите живи суштества од Земјата кои стапнаа во Месечевата орбита.

Сенката на Месечината се движи побрзо од звукот
За време на помрачувањето на Сонцето, Месечината фрла сенка на Земјата. Брзината е најспора на екваторот каде постигнува брзина од 1.074 метри на час. Во близина на Северниот пол брзината може да постигне 5.000 километри на час. Кога сенката на Месечината би произвела звук, помрачувањето на Сонцето би го пробило звучниот ѕид на Земјата. Површината на месечевата сенка би била значително побрза кога земјината ротација и месечевите орбитално движење не би се движеле во ист правец. Астрономот [[Mabel Loomis Todd]] ја опишал месечевата сенка како подвижна темница која се однесува како ѕид, брза како фантазијата и тивка како судбината.

Сина Месечина
Тоа е феноменот кој беше инспирација за легендарната „Blue Moon“ на Елвис Присли, а ја означува ретката појава на втора полна месечина во ист месец. Тој феномен се случува просечно секоја втора година. „Сината Месечина“ е фаза која се провлекува повеќе од 400 години, како дел од народниот фолклор и како поим кој поминал низ бројни трансформации, а во модерното време најмногу ги симболизира состојбите на тага и осаменост.

Романтичниот сребренест круг на темното небо од секогаш воодушевувал, ги нспирирал поетите, предизвикувал чувства и носи во себе сенка на занес и по некоја солза. Иако за некои е вообичаена појава, во текот на историјата токму таа втора полна месечина во еден ист месец знаела со себе да донесе ерупции на вулкани, потресување на тлото, пожари и слични природни катастрофи. Според модерниот форлклор, Blue Moon е втората полна Месечина во еден календарски месец, објави американската NASA.

Две полни Месечини ги двојат 29 дена, а како што некои месеци имаат по 30 или 31 ден, во просек на секои две и пол години се случува феноменот на Сина Месечина. Втората полна месечина, воглавно е со нормална боја, но забележен е еден случај кога таа била навистина синкаста.

Тоа било во 1883 година, индонезискиот вулкан Кракатау имал страшна ерупција со јачина еднаква на експлозија на нуклеарна бомба со сила од 100 мегатони. Загинале 40.000 луѓе, а дури 600 километри во далечина можеле да се слушнат звуци слични на топовско стрелање. Димот и пепелта се издигнаа на самиот врв на Земјината атмосфера. И тогаш Месечина посини.

И на Месечината има потреси
Иако се мислеше дека Месечината е геолошки мртва, сеизмографите кои астронаутите ги оставија на Месечината, покажаа дека и Месечина има свои потреси, а тоа значи дека на неа постои геолошка активност. Така, се покажа дека Месечината има растопено јадро чија темпертура е околу 1.500° C. Нјаголемиот дел од потресите се наоѓаат на длабочина од 800-1.100 километри под површината на Месечината.

- Реклама -